ДОМА / ПОЧЕТОК

пелети

Добредојдовте на веб-сајтот на Буллес груп ДОО - Вашиот коректен и доверлив снабдувач на едни од најевтините извори на енергија за греење - пелети и екобрикети. Буллес груп e официјален претставник за Бугарија на австрискиот производител на висококвалитетни дрвени материјали ‘Schweighofer’ Group. Компанијата е меѓу водечките европски производители на дрвени пелети и екобрикети - еколошко чисти извори на енергија. Фирмата применува најстроги стандарди за квалитет на секое произведено пакување на пелети и екобрикети, постојано го подобрува квалитетот и вложува големи напори за развој на технологијата на производство на дрвени пелети и екобрикети за греење, кои уживаат голема доверба кај потрошувачите. Напорите на компанијата во текот на годините се насочени кон обезбедување на високи температури на горење и намалување на количеството пепел. Успехот на Schweighofer group се должи на правилениот пристап за одредување на квалитетот на дрвото и начинот на обработка на различни дрвени материјали.


При греење со пелети и брикети од дрво се користат обновливи и еколошки извори на енергија, што одговара на главните цели на ЕУ во областа на енергетиката. Тие се доста поефтин извор на енергија за греење од нафтата и природниот гас. Суровината за производство на пелети и брикети од дрвена маса се формира при различните процеси на обработка на дрвото - сечење на дрвени материјали, производство на дрвени корнизи, подни облоги, мебели и други производи од дрво, како и лупењето на кората на дрвените трупци. Пелетите се произведуваат исто така од специјално одгледувани за таа цел врбови насади. Нашите пелети се произведуваат од дрво, израснато во шумите на Чешка и Романија.

Дрвените пелети и брикети се јаглеродно неутрално гориво и тоа е признаено од Протоколот во Кјото и од Бирото за обновливи извори на енергија во САД. Причината е дека сиот јаглерод над земјата се враќа во атмосферата преку разложување или со спалување. Со други зборови, согорувањето на пелетите од дрво во модерните котли на пелети е почисто, отколку органското распаѓање на дрвјата во шумата, при што се одделуваат значителни количества метан, околу 25 пати повеќе, а тоа ја зголемува емисијата на јаглероден диоксид и опасноста од глобалното затоплување . При согорувањето на дрвени пелети и брикети не доаѓа до зголемување на јаглерод диокисд (СО2) кој создава глобални климатски промени и овој процес, бидејќи од гледна точка на (СО2) процесот на производсдтво и трошење е неутрален. Покрај тоа, при согорување на дрвените пелети и екобрикети, за разлика од цврстото гориво, се добива само минимално количество пепел, што претставува многу квалитетно ѓубриво со содржина на фосфор и калиум.

Буллес груп ООД е официјален претставник на еден од најреномираните производители во Европа - австриската компанија Schweighofer Group, која има над 360 години искуство во преработката на дрво. Дрвените материјали од Schweighofer се високо ценети во над 60 земји во светот. Експортот на фабриката изнесува повеќе од 80% од производството. Schweighofer Group го презеде личниот ангажман за одговорно стопанисување на шумите, за одржување на дивата природа и екосистемите, бидејќи здравјето на шумите и на животната средина значи здрава иднина за сите нас. Со примена на концепт за управување со обновливи шумски ресурси, одржливо шумско стопанство и управувањето со шумите, дејноста на Schweighofer Group одговора на потребите на сегашноста, без да ја излага на ризик способноста на идните генерации да одговорат на своите потреби. Ова се постигнува преку заштита на почвата, воздухот, водата и живиот свет. Овие принципи секогаш ќе бидат главен приоритет на Schweighofer Group. Шумите во сопственост на компанијата во Република Чешка и Романија се управуваат од страна на квалификувани експерти во согласност со принципите за одговорно управување на шумското стопанство за производство на висококвалитетни дрвени материјали.

пелети греење

Калориска вредност

производство на пелети

Малку пепел

греење со пелети

Удобност

продава пелети

Ниска цена

производител на пелети

Автоматизација

екопелети од дрвоs

Еколошки