Пелети

Опаковка пелети 15 кг.

Пелетите се со цилиндрична форма и со димензии 6 мм во дијаметар и до 30 мм должина. Пелетите за греење од дрвена маса се еколошко и многу перспективно гориво кое се користи за создавање на топлина. Употребата на котли и печки за греење со пелети е реална алтернатива на греењето кое го познаваме. Греење со пелети нуди голем број на предности во однос на конвенционалните горива за греење кои се ископуваат:

пелети греење

Висока калориската вредност

Калориската вредност на дрвените пелети е 4300 - 5100 ккал / кг. Коефициентот на корисно дејство (КПД) на системи за греење е 85% - 95% (КПД на камини на дрва е 70%) и поради своите квалитети, пелетите согоруваат речиси целосно. Така времето помеѓу две последователни полнења на огништата е меѓу два и пет дена. За споредба калориската вредност на огревно дрво е 3440 ккал / кг.

производство на пелети

Ниска содржина на пепел

Големата придобивка на пелетите од дрво е во ниска содржина на пепел по нивното согорување во котли за пелети или камини и печки. Од значење е и можноста пепелтта да се користи како ѓубриво во градината, при што почвата ја враќа својата рамнотежа.

греење со пелети

Комфор споредлив со греењето на гас

При согорување дрвените пелети не испуштаат црн чад, што ги прави идеални за камини со стаклен отвор. Употребата на пелети обезбедува удобност споредлив со греењето на гас, поради речиси целосно согорување (околу 98,5%), освен тоа котли и печки за греење со пелети не произведуваат речиси никаков креозот. Тоа исто така дозволува инсталирање на котли и печки на пелети со директен оддушник ... без оџак!

Ниска содржина на вода

Ниска содржина на вода

Пелети се исклучително цврсти и имаат ниска содржина на влажност / во границите 8% - 10% /, овозможувајќи им да согоруваат со многу висока ефикасност.

продава пелети

Поевтин извор на енергија

Еден тон на дрвени пелети има топлинска вредност на 6 кубика дрва и се вклопува лесно во една третина простор! Тоа овозможува лесно чување на гориво за целата сезона.
Важен фактор е и релативната стабилност на цените на пелети во споредба со цените на енергетските извори на топлина кои се ископуваат.

производител на пелети

Автоматизација на процесот на согорување при греење со пелети

Пелетите можат да горат како во обични печки и камини за цврсто гориво, така и во специјални котли за пелети со висок коефициент на корисно дејство и голем степен на автоматизација која се доближува до котли на гас и струја. Котлите на пелети сами го дозираат потребното количество пелети за горење.

екопелети од дрвоs

Заштита на животната средина

Од големо значење е намалувањето на зависноста од нафта, природен гас и пропан - сите необновливи фосилни горива кои се користат за греење. Пелетите се обновливо гориво кое се добива од постојани извори - чистата дрвена маса. Замена на фосилните горива како нафта, природен гас или пропан. При греењето со пелети се намалува емисијата на гасови кои создаваат ефек на стаклена градина, при што на тој начин се помага во намалување на климатските промени и заштита на животната средина.


Пелетитe произведени од Schweighofer groop се високо квалитетни и со докажан ефект. Испитани се во меѓународно призната, акредитирана лабораторија и се сертифицирани по стандард DINplus 7A040. Тоа е доказ за висока калориската вредност, ниска содржина на пепел и беспрекорно користење од системи за греење на пелети.

Во табелата се дадени најважните карактеристики според сертификатот:

Показател Мерна единица Резултат од тестирањето Норми по DINplus 7A040
Влага % 3.51 < 10
Пепел % 0.39 < 0.5
Сулфур % 0.006 < 0.08

Сертификат за потекло pdf Сертификат за потекло
Сертификат за квалитет pdf Сертификат за квалитет
Certificate granting the right to use the seal EN pluss Certificate granting the right to use the seal ENpluss
Certificate Certificate