Цилиндрични брикети

Екобрикети

Екобрикети се еколошки чисто цврсто гориво, направено од природни дрвени струготини. Тие се произведуваат под висок притисок без да се користат врзива.

Многу се погодни за греење на станови, куќи, канцеларии и сл., може да се согоруваат во сите апарати за цврсто гориво како обични камини и печки, котли, откриени жаришта. Користејќи екобрикети си обезбедувате повеќе топлина и удобност.

Екобрикети се користат како самостојно гориво, а исто така и во комбинација со дрва (особено ако се влажни или мокри). Во споредба со фосилните горива дрвените екобрикети произведуваат помали емисии од гасови, бидејќи употребените материјали се веќе дел од јаглеродниот циклус. Производство на екобрикети овозможува искористување на отпадната дрвена маса, придонесува за намалено атмосферско загадување и заштита на животната средина.

Произведени од Schweighofer group еекобрикети се одликуваат со следните карактеристики:

Цилиндрични екобрикети

Цилиндрични брикети се со мазна надворешна цилиндричен површина и отвор. Имаат добар трговски вид со мазни и прави чела.

Цилиндрични екобрикети
Показател Мерна единица Норми по DINplus 7A040
Влага % < 10
Пепел % < 0.5
Сулфур % < 0.08
Калориска вредност kWh/kg 5,0 kWh/kg (18,0 MJ/kg)
Дијаметар mm 90-100 mm
Должина mm ≤ 400 mm

Квадратни брикети

Квадратни екобрикети се многу практични за уредување, складирање и пакување

Квадратни брикети
Показател Мерна единица Норми по DINplus 7A040
Влага % < 6,1
Пепел % < 1.0
Калориска вредност kWh/kg 5,17 kWh/kg (18,6 MJ/kg)
Сертификат за потекло пелети pdf Сертификат за потекло пелети
Сертификат за квалитет пелети pdf Сертификат за квалитет пелети